На последното ледено доба му требало 6 месеци да завладее

Само 6 месеци биле потребни на сончевата и топла Европа да се окова во лед. Претходните истражувања сугерираа дека доаѓањето на последното ледено доба, пред 13.000 години, му требало 10 години да завладее, но сега научниците веруваат дека тој процес бил побрз и до 20 пати.

Геолошкиот научник и професор Вилијам Патерсон дошол до ваков заклучок, после најобемната студија спроведена за климатските промени. Со ова истражување со докажало дека глобалната клима е “нестабилна” и со неверојатна брзина може да се сврти од топла во ладна.
4747745985_e935cb5275_z

Неговите заклучоци се објавени во престижното списание New Scientist и се темелат на истражување на езерска кал во западна Ирска. При истражувањето е користено најнов тип на роботизиран скалпел.

Секој слој кал собран од скалпелот преставувал тромесечно таложење на седименти, така што секоја варијациа во слоевите била користена за мерење на промените во климата. Откриено е дека за неколку месеци, голем број на езерски билки и животни нагло изумреле, како резултат на нагло опаѓање на температурата.

- Реклама -