Според тврдењата на д-р Обрен Горгевиќ поранешниот шеф на Службата за државна безбедност, на 8 мај 1980 година на погребот на Јосип Броз Тито, во ковчегот прекриен со знамето на Југославија имало песок – а не телото на претседателот на Југославија.
-Кога Јосип Броз Тито почина, поедини членови на Претстаништвото на СФРЈ, пред се Стеван Дроњцки и Стане Доланц сакале да го балсамираат и да го стават во мавзолеј, како што има Ленин на Црениот поштад.
Меѓутоа телото на Тито било преполно со разни лекови, па прерано почнало да се распаѓа и да шири околу себе многу непријатен мирис. Од медицински и хигиенски причини Доланц, Микулиќ и Дроњски одлучиле погребот да се изврши без неговото тело.
Во ковчегот кој што бил изложен во Сојузното собрание, имало песок, вели некогашниот началник на СДБ на Србија, Обрен Ѓорѓевиќ за српски „Новости”, кој четири децении бил шеф во органите за безбедност.