Објавен е првиот трејлер од филмот со необичните суштества со карактеристичен хумор и животен стил.
Минионите го започнаа своето патување како едноклеточни жолти организми. Еволуирале во текот на вековите секогаш служејќи има на најстрашните господари како Т. Рекс и Дракула. Но, ниту еден од нив не успеа да ги задржи. А, кога минионите немаат кого да служат, тие паѓаат во тешка депресија. Но, еден од минионите по име Кевин има план! Со помош на тинејџерот и бунтовник Стјуарт и симпатичниот мал Боб, тргнуваат низ светот барајќи ново зол шеф кој ќе можат да го следат.
Ова лудо трио оди на возбудливо патување што на крајот ги води до нивната можна господарка, Скарлет Оверкил (позајмен глас на актерката Сандра Булок).
Овој филм ќе можеме да го гледаме во кино, летото 2015 година. Погледнете го првиот трејлер од овој филм: