На планинарска патека пронајдени две рачни бомби над селото Грекај, Маврово и Ростуше

На 3 ноември 2024 година, околу 10:00 часот, на планинарска патека во планинскиот предел над селото Грекај, Oпштина Маврово и Ростуше, полициски службеници од ОВР Гостивар при извршување на службени задачи пронашле две неексплодирани рачни бомби тип кашикара.

По извршениот увид, бомбите биле безбедно подигнати и демонтирани од страна на специјализирана екипа од Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи при Министерството за внатрешни работи.

Извор