На пазарот во Гостивар „од пиле млеко“ – Цените намалени, торбите пополни

Мајскиот пазарен вторничен ден во Гостивар им се погоди на мераклиите за пазарување и на домаќините, кои сакаат да донесат дома разновиден зеленчук и овошје, а да не се истрошат премногу.

На пазарот околу пладне забележлива беше богата понуда на производи на многубројните тезги, како и раздвиженост на муштерии.

 
За разлика од претходниот период, цените на зеленчукот и овошјето се значително пониски. Од тоа најзадоволни се граѓаните, кои заминуваат од пазарот со пополни торби. И повеќето тезгаџии споделија дека имаат повеќе промет и успеваат да продаваат поголем дел од понудените производи.

Цените варираат од тезга до тезга, сорта и квалитет, но не со преголеми разлики и отприлика се движат вака:
Домати 50-80 ден. кг.
Краставица 40-60 ден. кг
Марула  20 ден. парче или 3 за 50 ден.
Стар кромид  40 ден. кг или 3кг. за 100 ден.
Млад кромид 3 за 50 ден.
Компир 30-40 ден. кг
Блага пиперка 70-90 ден. кг.
Зелка 20 ден. кг
Тиквица 2 парчиња за 50 ден.
Цреши од 100 ден. кг. нагоре
Јаболка од 40 ден. кг. нагоре
Јагоди од 100 ден. кг. Нагоре
Банани 70-80 ден. кг

Сподели ја веста:

Извор