Американската компанија Mushkin го исполни ветувањето дадено во почетокот на оваа година да го пушти на пазарот 240-GB USB. Прототипот на брзот уред Ventura Ultra беше прикажан за прв пат на саемот CES 2013 во Лас Вегас.
Mushkin-Ventura-Ultra-top Mushkin Ventura Ultra одржува максимални брзини на снимање и читање, или поточно 445 мегабајти во секунда (MB/s) и 450 MB/s, тврди производителот. USB користи интерфејс USB 3.0, поддржува компатибилност со USB 2.0 и се основа на 8-канална архитектура.
Без преседан USB се појави на пазарот вчера, 7 октомври, но сеуште не се знае каква е неговата цена. Нема географски ограничувања за продажба на моделот. Ventura Ultra има димензии 73х20х9 милиметри и е придружен со гаранција од две години.
Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk