На пат: Безжичен мp3 плеер – вграден во вашите уши, а контролиран со забите

Заборавете на сите „умни“ методи за да ги спречите слушалките да се заплеткаат. На пат се новите безжични слушалки со вграден mp3 плеер – „Split“. Сеуште во фаза на прототип, тие се дизајнирани со мемориски капацитет од 256 мегабајти, а ги контролирате со едноставен загриз со вилицата. Да, баш така.

Split-A-bitecontrolled-MP3-player-in-a-pair-of-tiny-2

Двете магнетни слушалки се уклучуваат веднаш штом ги раздвоите. Тие се всушност два mp3 плеера што ја свират вашата музика во исто време, а се синхронизирани преку радио бранови. Гризнете еднаш, и вградениот акцелерометар и дава наредба на направата да прејде на наредната песна. Гризнете 2 пати по ред за да ја контролирате јачината на звукот. Ако џвакате мастика или планирате да јадете, само допрете ја десната слушалка и ќе го заклучите плеерот.

Split-A-bitecontrolled-MP3-player-in-a-pair-of-tiny-3

Малиот капацитет од 24 песни не е многу од помош при долгите патувања, но е перфектен при џогирање и вежбање. Плеерот се плни со USB кабел, но креаторите работат на тоа да овозможат полнење и снимање на песни во исто време.

Split-A-bitecontrolled-MP3-player-in-a-pair-of-tiny

„Сплит“ веројатно ќе чинат 155 долари по пар, а за неколку екстра долари ќе можете да си изберете и боја. Нема гаранции кога всушност прозиводот ќе прејде од фазата на изработка во готов производ наменет за потрошувачка, но можете да помогнете тоа да се случи побрзо со донирање на Kickstarter.com.

- Реклама -