Привлечноста на мажот на зависи толку од работите кои се обидува да ги направи, туку во малите нешта кои ги прави, а за тоа не е ни свесен…
На Reddit женските читателки го поставиле прашањето: „Кои привлечни работи ги прават мажите, а за тоа не знаат?“. Следат десет најпривлечни работи, воглавно мали гестови, за кои жените ја „губат главата“.
1. Љубезност, особено кон непознати. Помош на случаен минувач, придржување на вратата на постариот сосед… Ако забележите дека прават нешто што ја покажува нивната добра личност- тоа е најатрактивната работа некогаш.
2. Гласно смеење. Смеата е заразна и ретки се тие жени кои нема да бидат привлечени од некој со добра смисла за хумор.
3. Завиткани ракави. На некои жени подлактиците им се привлечни колку што на мажите им се привлечни женските гради.
4. Сонлив поглед. Начинот на кој ве гледа многу открива. Кого нема да го привлече сјајот во очите кога ве гледа?
5. Страстен говор. Коментирањето и залагањето за темите кои се важни за него се многу привлечни за жените, дури и ако темите не се предмет на нивен интерес.
6. Долги разговори. Можноста за интелегентен разговор сериозно е потценета точка на привлечноста.
7. Готвење. Голем број на жени ќе ви кажат дека гледањето на партнерот како готви и се снаоѓа во кујната е многу привлечно.
8. Контакт со очите. Особено кога околу вас има многу убави девојки, а тој го бара само вашиот поглед. Непотребно е да се потенцира колку е во плус.
9. Внимание. Кога од „ведро небо“ ќе ви стигне порака дека му недостасувате, само да ви даде до знаење дека мисли на вас, ви праќа линк од нешто што би можело да ве интесира- сите тие мали работи прават голема разлика.
10. Прегратка од позади. Тоа е слатко, смирувачко и влева сигурност. Освен тоа, кој не сака прегратка?