На отворањето на 14. издание на „Здраво млади“ ќе настапат 17 музичари

Во Младинскиот културен центар во Скопје вечерва во 19 часот ќе се одржи 14. издание на манифестацијата „Здраво млади“. Публиката ќе види 17 музички артисти од 6 земји од Европа. Фестивалот ќе го отвори амбасадорката на Холандија, Узлем Џанел. Како дел од фестивалската програма ќе има настап на неколку холандски музички групи, проекции на филмови од архивата на Eye Museum Amsterdam, мини-саем на холандска литература преведена на македонски јазик, изложба на графити изработени под менторство на неколку македонски уметници како и штанд со холандски деликатеси. Пред отворањето на фестивалот ќе биде презентиран и муралот насликан од холандскиот уметник Јорен Џошуа. Влезот на сите настани е слободен.

Во рамките на програмата селектирана од младата издавачка куќа и колектив „Гола планина/Мртов коњ“, публиката ќе ja чуе младата дарквејв артистка „Ata“, дрон/фолк артистот „Стој, после!“, панк-рок изведувачот „Dimish“, инди составот „Zanadu“, психоделичните „Vagina corporation“ и диџеите Пепи и Шабан Од Македонија и енергичните „Klotljudi“ од Србија/

Прочитајте и:  „Здраво Млади“ по 14 пат во МКЦ

Со порршка од холанската амбасада и од партнерите од европската мрежа „Liveurope“, ќе се реализира музчката програма насловена како „Liveurope & NL“ селекција. Во неа, публиката ќе ги проследи настапите на иновативните „Velocity made good“ и експлозивното трио „Housepainters“ од Холандија, соло проектот и хрватскиот хит „Idem“ и панк изведувачот „Tandara“ од Хрватска и полските џез експериментатори „Kosmonauci“.

Во соработка пак со холандската издавачка куќа „Yugofuturism“, „Здраво млади“ ќе ги угости интензивното нојз трио „Texoprint“ и андерграунд нојз-поп сензацијата „Søwt“ од Холандија и кантавторката Eerie Wanda (NL/HR), како и диџеј сет на независниот промотер, агент и менаџер на издавачката куќа„Yugofuturism“, Кун Хегде или диџеј Vikendica.

Свој диџеј сет ќе има и резидентниот диџеј на „Здраво млади“ уште од своето прво издание, Диџеј Фиц од Ирска.

- Реклама -