Чилеанските власти заплениле голем број книги – порно верзија од Црвенкапа, што по грешка биле испратени низ училишните библиотеки во земјата.
Порно верзијата на прочуените дела на Браќата Грим од 1812 година, била пронајдена во 283 основни училишта ширум земјата. Грешката сосема случајно ја открила учителка од Рио Буено, откако еден 12 годишeн ученик ја погледнал содржината во книгата.
Авторка на порно верзијата на книгата со шест кратки приказни кои изобилуваат со експлицитни секс сцени е Колумбијката Пилар Куинтана.
Наместо приказна за девојче кое се изгубило во шума, во една од приказните се опишува секс меѓу учителка и ученичка, а во друга силување на 13 годишно девојче.
„Оваа книга може да направи ненадокнадлива штета на нашите ученици. Вакви пропусти се недопустливи“, изјави Луис Рејес, градоначалник на Рио Буено.
Надлежните ветиле дека ќе утврдат како несоодветната книга завршила во училишните библиотеки. Министерката за образование на Чиле, Валентина Куриога вети дека одговорните лица ќе бидат казнети.