На вчерашниот „Охрид-фест„ се случи скандал. Биба Додева откако беше прогласена за победник со песната „Како некогаш„ , на сцната се појави Драган Спасов – Дац.
Тој ја прекина церемонијата со образложение дека бодовите од жири-комисијата не биле пресметани како што треба.
По ракцијата на Дац, организаторот одлучи да се повтори гласањето, на претходното рангирање Дац кој настапи во дует со Митевски се најде на второто место. Но, по повторното прегласување Биба сепак убедливо остана на врвот.
Извор: Женски магазин