На Меркел и испратија мигранти во кабинетот

Градоначалникот на баварската област Ландхут за телевизијата N24 соопшти дека сограѓаните му кажале дека е “време да се постават граници”.

Од областа денеска испратија автобус со сириски бегалци во кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин, во знак на протест против нејзината политика со мигрантите.

Tan2015-9-5_185315533_5

Градоначалникот вели дека руралната област се наоѓа под терор на масовниот прилив на мигранти во Германија.

Автобусот со 51 бегалци на старост помеѓу 21 и 45 години, го напуштил Ландсхут утрово околу девет часот.

Прочитајте и:  Белгија отфрла 96 отсто од барањата за азил согласно новите забрзани процедури
- Реклама -