На меден месец за плата

honeymoon-resortИрска компанија бара професионален тестер на меден месец, односно некој што ќе се излежува на плажа, ќе плива во бескрајно долги базени и ќе пие шампањско од кристални чаши. И сето тоа за плата. Заинтересирани сте?

Одбраниот кандидат ќе добие плата од £18,000 за шест месеци поминати во луксуз, а ќе има можност со себе да го понесе и партнерот.

Работата ја нуди Runaway Bride and Groom, до кои ќе треба да испраќате извештаи со впечатоци. Организаторот вели дека бесплатниот одмор ќе биде на места како Малдивите или Занзибар, а ќе вклучува неверојатно ‘тешки’ задачи како тестирање коктели и џакузија.

Кандидатите за ‘најдобрата работа на светот’ мора да аплицираат онлајн до крајот на март 2010.

Доколку ја добиете работата, дали би не земале затоа што ние ви кажавме!?

[Runaway Bride and Groom]

- Реклама -