Проблематичниот Крис Браун беше на судење под обвинение дека претепал човек. Ако судијата го одобрил барањето на обвинителот, Крис би бил во затвор.
Тепачката се случила во октомври минатата година. На судијата било да одлучи дали раперот ја прекршил условната казна која ја имал поради претходна тепачка, односно „претепување“ на тогашната девојка Ријана.
Обвинителтвото барало Крис Браун да се затвори, меѓутоа судијата одлучил обвинетиот да го испрати на 90-дневна рехабилитација. Го очекува терапија за контрола на бесот, па ако тоа не помогне, тогаш ќе оди во затвор.