На колку години започнува староста?

Староста не започнува на 65-годишна возраст, како што вообичаено се сметаше до сега. По извршени истражувања научниците дошле до заклучок дека во  денешно време состојбата е променета.

Според податоците на истражувањето староста треба да се одредува според тоа колку години просечно му остануваат на човек да живее.

Пред 200 години се сметало дека луѓето кои доживеале 60-годишна возраст, достигнале длабока старост. Денес и мажите и жените на таа возраст водат активен начин на живот.

Според експертите сега староста настапува на 74 години, барем што се однесува до Американците и Европејците, родени во периодот од средината на 40-тите до 60-тите години на минатиот век.

Британските научници сепак се спротивставуваат на пресметката, па според нивните зборови разликата во должината на животот меѓу богатите и сиромашните е суштинска. Британците аргументираат со статистика од својата татковина, посочувајќи дека таму на пример, богатите граѓани живеат во просек за 9 години повеќе од сиромашните.

- Реклама -