Многу од вештините што ги поседуваме го достигнуваат својот врв во 20-тите години од животот.
Кога повеќето од нас ќе навлезат во 30-тите години, веќе не сме најдобрите во спортот, пиењето и помненето.
Генерално се смета дека нашата способност да реагираме брзо и да се сеќаваме на важни информации се намалува со возраста. Ново истражување сепак покажа дека не зависат сите аспекти на интелектот од возраста. Додека некои го достигнуваат својот врв, кога сме во средно училиште, други продолжуваат да се подобруваат откако ќе наполнат 40 години.
За да се разбере како интелектот се менува со возраста, психолозите од МИТ (MIT) истражувале 48.537 лица на возраст од 10 до 89 години. Учесниците требало да поминат низ јазични тестови и тестови за интелигенција и меморија, кои придонесуваат за проценка на работната меморија, математичките вештини и вокабуларот. Психолозите утврдиле дека во зависност од она што го подразбираме под „интелигенција“, вештините го достигнуваат својот врв во различни периоди во текот на нашиот живот. Истражувањето покажало дека учесниците на возраст 19-20 години одлично се справуваат со математичките задачи, додека работната меморија била најмногу развиена меѓу 20-те и 30-те години, пред да почне полека да се намалува. Вештината да се изразуваме пак постојано се подобрува, достигнувајќи го својот врв во 60-тите или 70-тите години од животот.