На Коби Брајант сакаат да му го земат Оскарот

Коби Брајант доби Оскар за својот анимиран краток филм „Dear Basketball“ („Драга кошарко“), ама на интернет веќе се огласија илјадници кои имаат против таквиот исход.

Всушност, до моментов над 16.000 луѓе ја имаат потпишано петицијата во која протестираат против признанието, а причина е тоа што сега пензионираниот Брајант еднаш одамна, во 2003 година, беше обвинет за силување на (цитираме) „тинејџерка“.

Тогаш 19-годишна хотелска работничка го обвини Брајант дека ја силувал при средба во Колорадо. Брајант призна дека имал секс со девојката, но дека и двајцата сакале, т.е. дека таа дала согласност.

Пред судењето, девојката реши да не сведочи, а обвинувањата беа повлечени. Целата работа заврши со вонсудска спогодба меѓу неа и Коби Брајант,  на непозната сума.

Меѓутоа, ете, 15 години подоцна, дежурните доброчинители на интернет потпишуваат петиција против Оскарот на Брајант. Петицијата е започната од жена по име Kelsey Bourgeois, и вели вака:

„Оскарите речиси избегнаа да номинираат сексуални предатори за награда. Вуди Ален и Џејмс Франко не добија ништо. Ама Коби Брајант, кој беше обвинет за ужасен сексуален напад, беше номиниран.

Денес се наоѓаме среде важна дебата околу сексуалното вознемирување и сексуалните деликти, па зошто тогаш Брајант е почестен со награда за најдобар краток анимиран, ако веќе навистина ‘истече времето’ (се алудира на паролата Time is Up, слоган кој произлезе од движењето #MeToo)?“

За Broadly, Bourgeois вели вака:

„Тој (Коби Брајант) се спогоди со својата обвинувачка. Во мојата глава, тоа не го прави вистински невин – туку го претставува само како некој што може да потплати некој кому му има згрешено. Јас, се разбира, не можам да знам што всушност се случило. Ама мораме да им веруваме на жените, особено кога обвинуваат мажи кои типично се ‘над законот’, така да се изразам“.

Во моментов на пишување, на петицијата ѝ фалат уште околу 700 потписи за да ја достигне зацртаната бројка од 17.000, пред да биде пратена до Американската филмска академија од која ќе се бара да му се одземе Оскарот на Коби Брајант.

Иако многумина застанаа во одбрана на Коби, повикувајќи се пред сé на пресумпцијата на невиност (да потсетиме, ниту едно од обвиненијата за секој од споменатите имиња во петицијата не е докажано), останатите не престануваат да се приклучуваат кон хајката за Оскарот на Коби Брајант. Коментари има секакви:

 

- Реклама -