На јужноамериканските нарко картели им здосади дрогата

05_21143922_9a688c_2349987a[1]

Организираниот криминал во Јужна Америка одамна е познат по тоа што заработува пари главно од дрога. Ама тоа е веќе застарено гледиште. Големото зголемување во цената на еден друг важен комодитет, кое се случи во текот на последната деценија, доведе до тоа картелите во Колумбија и Перу да се пренасочат кон нешто друго – добивање на злато.

Според експертите, во моментов организираниот криминал во Јужна Америка заработува повеќе од нелегалното ископување на злато, отколку од производството на кокаин. Околу 80% од изваденото злато во Колумбија и 90% од тоа во Венецуела е нелегално, според податоците на Светската организација за борба против прекуграничниот организиран криминал (Global Initiative Against Transnational Organized Crime).

За добивање на злато од нелегални рудници картелите користат принудна работа од луѓе кои ги држат како затвореници, како и секс работничките кои се жртви на трговијата со луѓе. И едните и другите работат во крајно лоша и опасна средина, според светската организација.

„Кога ќе пристигнете во овие нелегални рудници, веднаш сфаќате дека вработените во нив се жртви“, вели авторот на извештајот – Ливија Вагнер.

Во нелегалните рудници во Перу, на пример, работат жени и девојки на возраст од 12 години па нагоре. Многу од нив се намамени со ветувања за добра работа, но еднаш штом ќе пристигнат длабоко во амазонските џунгли, за нив нема враќање назад, дополнува Вагнер.

Во други земји, како Колумбија, со златните рудници управуваат воени фракции.

tab-fo-gold-illegal03jpg.jpg.size.custom.crop.850x587[1]

Покрај погазувањето на човековите права, илегалните рудници имаат и други негативни влијанија. На пример, невротоксичните материјали кои се користат за одделување на златото од седиментот, се истураат во водата и ја загадуваат почвата и воздухот во соседните градови.

Илегалните рудници исто така придонесуваат и за уништувањето на шумите во амазонски регион.

Според извештајот, локалните власти се „беспомошни во борбата против нелегалните рудници сé додека постои побарувачка за незаконско злато.

Кога луѓето купуваат накит, лесно е да го проверат сертификатот на металот. Но, кога се купува накит по електронски пат (а се купува многу), како и кај другите производи, е многу потешко да се следи потеклото на златото од кое е направен.

- Реклама -