Пејачот Џастин Бибер мораше на кратко да го прекине својот концерт во лондонската О2 арена бидејќи колабираше поради проблеми со дишењето.
Канадскиот музичар отишол позади сцената каде му била пружена потребната лекарска помош, а по 15 минути се вратил да го доврши концертот.
Неговиот менаџер Скутер Браун изјавил дека докторите инсистирале веднаш да замине во болница, но пејачот сакал прво да го заврши концертот.
http://youtu.be/OEvd8TOpmfI
Во текот на 15-минутната пауза Скутер се обратил на публиката со цел да ги смири тензиите кои беа настанати поради предходниот скандал кој изби заради неодамнешното каснење на концертот во Лондон на кој тој доцнеше цели два часа.
„Ве молиме за трпение. Даваме се од себе да ви приредиме најдобар можен концерт, Џастин набрзо ќе излезе“.
Бибер после концертот заминал во болница на преглед по што бил пуштен на домашно лекување. На „Твитер“ напишал: „Подобро се чувствувам. Ви благодарам на сите за поддршката, вие сте најдобрите фанови на светот. Се уште не ми е јасно што се случи“, по што на „Инстаграм“ објавил слика од болничкиот престој.