На Јанева не ѝ прават муабет

Трет ден откако специјалната јавна обвинителка Катица Јанева го затвори боледувањето и се врати на работното место, но веќе ништо не е како порано. Јанева е под тивок бојкот од страна на најголемиот дел од вработените во Специјалното јавно обвинителство, пишува „Expres.mk“, повикувајќи се на свои извори во СЈО.

Оттаму велат дека со Јанева комуницираат само неколку луѓе кои важат за нејзини блиски, додека комуникацијата на останатите се сведува само на она што е службено и неизбежно.

Покрај Јанева, „бојкотирани“ се и внукот и идната снаа на Јанева, како и неколку други роднини на влијателни фактори во правосудството, велат изворите на „Expres.mk“.

Дел од вработените се загрижени и околу сопствената одговорност. Дел од нив се плашат дека и тие можат да бидат гонети. Повеќе детали прочитајте ТУКА

 

 

- Реклама -