Веројатно сите ја запаметиле во спотот на песната на Робин Тике „Blurred Lines“, а Емили Ратајковски се осигура никако да не ја заборавите.
Овој секси модел објави свои фотографии од одморот на кои позира во костум за капење. Манекенката моментално ужива на годишен одмор во Италија, а наскоро ќе започне со својата актерка кариера. Всушност, таа треба да се појави во филмот на Дејвид Финчер „Gone Girl“ како љубовница на Бен Афлек.
Не се сомневаме дека добро ќе се снајде во улогата…