Актерот Хју Џекмен (ѕвездата на филмот „Вулверин“) повторно апелираше на своите фанови да се заштитат од штетното сончево зрачење.
Морал повторно да се подложи на постапката за отстранивање на базален карцином на кожата (BCC)…
Во позитивно расположение, со насмевка на лицето стигнал на аеродром во Лос Анџелес, со превремена рана по повторената операција за отстранување на ракот на кожата.
Хју Џекмен (45) прв пат е подложен на третман BCC на кожата минатиот ноември, откога неговата жена, Дебора Лифурнер, го натерала да оди на доктор и да ја прегледа раната која ја имал на носот. Набрзо тој нашишал на Твитер:
– Боже, таа беше во право. Имав BCC. Ве молам да не бидете луди како мене и одете да се прегледате! И секако, секогаш носете заштитна крема од сонце, напишал тогаш Хју.
Но, само неколку месеци подоцна, актерот беше принуден повторно да го посети својот доктор.
– Уште еден базален карцином на кожата. Сега е се во ред, благодарение на моите доктори. Ве молам! Ве молам! Носете очила за сонце, напишал Хју Џекмен под фотографијата.