На Германија ѝ фалат 17.000 медицински работници, ќе го зголемува „увозот“

Новиот министер за здравство на Германија – Јенс Шпан, сака сериозниот недостаток од медицински сестри и техничари во Германија да го ублажи со засилен увоз од земјите на ЕУ, пишува дневникот „Рајнише пост“.

„Во Германија веќе во моментов недостасуваат 17.000 работници во секторот за нега. И затоа ние, покрај обидите одново да ги активираме и домашните сили, интензивно ќе вработуваме и бараме медицински сестри и техничари од европското соседство“, изјави Шпан.

Тој најави и забрзано признавање на дипломите и стручните препораки од странство.

Карл Лаутербах – политичар од Социјалдемократската партија на Германија (SPD), а воедно и експерт за здравство, го обвини Шпан дека со својата политика сака да ги ослаби ЕУ партнерите.

„Ние не би смееле да им ги ‘пазариме’ на другите земји нивните медицински сестри и техничари кои веќе и сега и таму се во недостиг“.

Прочитајте и:  Во Германија уапсен тинејџер со турско потекло, планирал терористички напад на локалниот божиќен саем

Шпан одговори дека „зголемениот увоз“ е само еден од механизмите, додека еден од поважните елементи на програмата е медицинската професија да се направи поатрактивна, меѓу другото, и со зголемување на платите.

Како што пренесува “Passauer Neue Presse”, главниот проблем е што многу медицински сестри и техничари работат на одредено време, преку агенции помали од договорениот тарифен договор. За регуларно вработените на полно работно време, овие медицински работници заработуваат околу 3.000 евра месечно, додека оние преку агенции – околу 500 евра помалку.

Според последните статистички податоци од 2015 година, во Германија работат околу 300.000 странски медицински сестри и техничари, од кои најмногу од Полска, Босна и Херцеговина, но и од Казахстан.

НА ТЕМАТА: Кога докторите се селат каде што се парите

- Реклама -