Во февруари годинава, филипинскиот претседател Родриго Дутерте испрати 30 автомобили на „масажа со булдожер“ (од која нема враќање). Тогаш под гасениците на булдожерот завршија вкупно околу 1.2 милиони долари.
Овојпат како старо железо завршија возила во вредност од 5.4 милиони долари. На јавното уништување присуствуваше и самиот претседател, а целата таа претстава одеше во живо на државна телевизија (со пренос од минимум еден час, види видео).
Во февруари беа уништувани нелегално увезени автомобили од странство и/или автомобили за кои сопствениците не платиле данок. Овојпат беа уништувани автомобили запленети од наркодилерите кои настрадаа во решителната кампања на Дутерте за борба против шверцот и корупцијата.
На вака брутални методи Филипини (т.е. Дутерте) се решија откако анализите покажаа дека кога државата ги продава запленетите возила на јавни аукции, истите обично пак завршуваат во рацете на криминалците, на овој или оној начин.