Ким Кардашијан објавила нова фотографија од својата преслатка ќерка на Инстаграм.
33-годишната реалити ѕвезда ја сподели фотографијата од малата Норт со обожавателите, која наполнила шест месеци во неделата.
„Насмевка“, напишала под фотографијата на малата убавица. Ќерката на реалити ѕвездата е совршен микс на својата мајка и татко. Ким споделила веќе неколку фотографии од малата Норт малку по нејзиното раѓање во јуни, додека нејзиниот вереник Канје Вест повеќе ја чува во приватност, па дури изјавил пред нејзиното раѓање дека Норт Вест не е „американско бебе“.
Во меѓувреме, девојките биле многу зафатени. Во нивниот шопинг во Беверли Хилс им се придружила и сестрата на ким, Кортни Кардашијан и нејзината 17-месечна ќерка Пенелопе. Ким повторно се појавила во сива облека, која се чини дека во последно време е една од омилените.