На Ѓоко Танески не му се допаѓа евровизискиот спот, ќе се снима нов

музикаВчера беше промовиран новиот спот на Ѓоко Танески за песната „Јас ја имам силата“ со која ќе нè претставува на Евровизија 2010 во Осло. Видеото е изработено од „Томато продукција“ во режија на Бане Поповиќ, меѓутоа не му се допаднало премногу на Ѓоко, по што тој решил да сними нов подобар спот.

gokotanevski-licnostВчера беше промовиран новиот спот на Ѓоко Танески за песната „Јас ја имам силата“ со која ќе нè претставува на Евровизија 2010 во Осло. Видеото е изработено од „Томато продукција“ во режија на Бане Поповиќ, меѓутоа не му се допаднало премногу на Ѓоко, по што тој решил да сними нов подобар спот.

Причината поради која тој сака да се сними нов спот се девојките кои според него можеле да бидат поубави, како и креациите на дизајнерката Елена Лука, односно текстот на крајот од спотот.

Неофицијално беше најавено дека на крајот од спотот ќе бидат испишани зборовите ‘My name is Gjoko’ (Моето име е Ѓоко), но по желба на режисерот пораката на спотот остана ‘My name is love’ (Моето име е љубов). Ова предизвикало бурни реакции на снимањето, по што Ѓоко на кратко го напуштил сетот, но се вратил да го доврши спотот поради договорените обврски со „Томато продукција“.

„Не можам да поверувам дека „Томато продукција“ одлучи да оди со ‘My name is love’ и се согласи со режисерот. Јас сум ѕвездата и мислам дека треба да стои моето име. За креациите и девојките воопшто не сакам да коментирам“ накратко изјавил Ѓоко по завршувањето на снимањето.

За крај, ни останува да го погледнеме спотот и да почекаме на епилог околу несогласувањата на вкусовите.
{youtube}8ubmc8QUCFY{/youtube}

Текстот погоре е замислен како првоаприлска шега.
- Реклама -