Иако ролјите кои и ги нудат секогаш и носат висока заработка, сепак, актерката и мајка на две деца, Џесика Алба, вели дека сега веќе не и е толку важно дали ќе добие улога во некој филм.Имено, во интервјуто за „Glamour“, 31-годишната ѕвезда изјавила дека сега е многу прибирлива околку тоа каква улога и се нуди, бидејќи мора навистина многу да вреди за да прифати да се раздели од нејзините деца.Доказ дека ова не се само празни зборови е фактот што навистина во изминатата година Џесика Алба воопшто не се појави на филмските платна, за разлика од периодот од 2010-та до 2011-та година кога се појави во дури шест.
„Да бидам заедно со саканите, децата, сопругот… Тоа е мојот приоритет сега“, додала Алба.Сепак, како што можеме да забележиме, во листата на нејзините приоритети е и секогаш да изгледа одлично и да биде модерно облечена. Имено, вчера ѕвездата беше „уловена“ како ужива на плажа, и како и секогаш таа изгледаше неверојатно модерно и префинето.