На денешен ден, пред точно 104 години, во 1920 година, во Скопје, беше роден еден извонреден уметник и литературен гигант, Славко Јаневски. Тој не само што стана еден од истакнатите претставници на првата генерација македонски писатели по Втората светска војна, туку и остави неизбришлива трага на современата македонска книжевност.
Едно од неговите најважни дела, романот “Село зад седумте јасени”, објавен во 1952 година, беше значаен не само како литературно дело туку и како пионерско издание на стандарден македонски јазик. Со ова дело, Јаневски ги отвори патиштата кон новите изразни можности во македонската книжевност.
За да го почитуваме и се сеќаваме на овој извонреден творец, во паркот “Жена-борец” во Скопје, на местото каде што се наоѓала куќата на Славко Јаневски е поставен споменик изработен од талентираниот академик Томе Серафимовски. Оваа статуа, како вечен знак за признавање на Јаневски и неговиот придонес во македонската култура, го привлекува вниманието на сите кои поминуваат оттука.
Основањето на Фондацијата Славко Јаневски која ја доделува наградата „Роман на годината“ е знак на длабока почит и продолжување на литературното наследство на овој извонреден писател. Фондацијата, освен што го задржува и чува делото на Јаневски, го поддржува истражувањето и развојот на македонската книжевност, посебно во областа на романското пишување.
Истражување и чување на македонската литература по Втората светска војна е израз на почит и посвестеност кон богатството на културниот и националниот идентитет. Историските периоди како 1950-тите и 1960-тите години беа време на важни трансформации и креативни напори во македонската литература, а талентираниот Славко Јаневски, како и други доајени, имаа критична улога во поддршката и инспирацијата на новите поколенија писатели.
Јаневски и неговите современици, преку своите творби и поддршка кон младите литературни таленти, го ставаа основниот камен во градењето на современата македонска литературна сцена.
Данило Коцевски, навраќајќи се на ликот и делото на Славко Јаневски, има напишано: „Славко Јаневски во разговорите и кажувањата секогаш беше луциден, духовит, со свој специфичен, неконвенционален агол на гледање на нештата. Имавте впечаток дека тој стои над секоја ситуација и дека духовно ја владее.“
Јаневски е исто така е познат и по неговото сликарство кое се карактеризира со провокативен, надреалистички стил.
Академик Влада Урошевиќ на минатогодишното примање на наградата Роман на годината за неговото пријателство со Славко Јаневски ќе каже: „И покрај разликата во години (и разликата во припадноста на маалата – јас сум Дебармалец, а Славко беше Новомалец, неговата куќа беше на педесетина чекори од местото каде што денес се издига неговиот споменик во паркот Жена-борец), можам да речам дека многу добро се разбиравме кога се сеќававме за некогашното, предвоено Скопје, кога се навраќавме кон дамнешната лектира на детството – стриповите за Тарзан, за Флаш Гордон и за Принц Валијант, кога, разговарајќи за сликарството, се одушевуваме со делата на старите мајстори – Хиеронимус Бош и Питер Бројгел Постариот, но и со визиите на сликарите од големата епоха на надреализмот – Макс Ернст, Рене Магрит и Салвадор Дали“.
Славко Јаневски, познат и како првиот македонски автор на стрип, претставува значаен дел од историјата на македонскиот стрип. Неговиот стрип, насловен “Куќа и детективи”, е објавен 1940 во српското списание “Микиево царство”. Следната година, по Втората светска војна, Јаневски станал автор и на првиот македонски стрип, “Еден бункер падна”, кој бил објавен во 1945 година во младинската периодична публикација “Пионер”.
Јаневски бил автор и на првиот македонски стрип со историска личност како јунак, тоа е „Крале Марко и орелот“, објавен во списанието Стрип книга, исто така во Србија.
Јаневски е еден и од основачите на Друштвото на писателите на Македонија, кое тогаш броело 7 члена: Славко Јаневски, Блаже Конески, Ацо Шопов, Владо Малески и Коле Чашуле го формирале Друштвото на писателите на Македонија, кое тогаш броело 7 члена. Потоа, Јаневски бил и претседател на Друштвото. Тој бил член на Македонскиот ПЕН центар, претседател на Советот на СВП, како и член на МАНУ од нејзиното основање во 1967 година.
Јаневски оставил трага и во македонската кинематографија, како автор на неколку филмски сценарија.
Легендите не смее да се забораваат!
Неговата поезија се карактеризира со длабоки емоции кои не оставаат никого рамнодушен:
ЦВЕТОВИ – СЛАВКО ЈАНЕВСКИ
Тиквешко негде, в некое село,
кај в слана тивко венеше цвете,- убија дете.
Последна солза од око капна…
кога на ридот есента стапна,
в крви се изми утрото бело.
И кога в зраци челикот светна
последна мисла ко птица летна:
“Мајка ми сама остана в село”.
О, детски очи!
Криевте в себе небесно катче…
Румено крвје течеше в жилив радост без почин…
Кај око детско натопи земја
гороцвет никна, разлиста пролет,
кај крвта врела растопи слана
црвена роза закити поле.
Мајската роза и цветот модерв миризма молат:
“Закити, друже, огнена пушка со цвеќа млади,
па напред појди и други децабрани со гради
В Тиквешко негде, в некое село,
кај в слана тивко венеше цвете,
– убија дете.