Драги читатели сигурно деновиве на интернет сте налетале на некој од овие моменти.
И така е тоа кај нас. Кога ќе пукне некоја глупост сеирџиите и креативците (читај Твитерашите), знаат да го извлечат од себе најдобриот хумор.
И така чисто како вовед.
Некоја откачена тинејџерка си ја осакатила раката за Кајмакоски, на Дарко Лешоски му ја украле јакната во Скопје,а на другар му Боби прстенот, па избија дузина коментари на тема „Провинција“ v.s. Скопје, па се запалија сите…и така почна се.
Не дека имаме нешто против некој, сите избувнуваме де, важно е да се изнасмееме после добар сеир.
…кој што следува во продолжение 🙂