Тој е во моемнтов најпопуларниот лик во земјава.За него се пишува и се слуша повеќе, отколку за самите политичари кои се наоѓаат на врвот.
Интересно е што музичко шоу како X factor успеа да крене толкава прашина и да ни открие човек кој влеа надеж дека постојат Македонци кои умеат да пејат и да бидат сакани.
Даниел Кајмакоски е еден од фаворитите за победа, па сето ова придонесе тој да биде и премногу посакуван кај припадничките на понежниот пол. Српски „Ало“ пишува дека постари жени веќе му нудат секс преку Фејсбук.
Весникот пренесува дека Даниел добил неколку понуди со сексуална содржина, на кои не сакал да одговори.
– Даниел е навистина горд на сите фанови и се радува на секоја средба со нив. Меѓутоа, како што е случајот со многу познати личности, и тој добива разни пораки на социјалната мрежа Фејсбук. Така неколку пати од постари дами добил сексуални понуди, но тој во моментот е фокусиран само на натпреварувањето и сака што подобро да се покаже на тоа поле, изјавил извор близок на Даниел.
По тој повод од редакцијата на „Ало!“ го побарале популарниот Кајмакоски, кој потврдил дека е на мета на нападни обожавателки.
– Имам 30 години и голем број мои фанови се мали девојчиња кои ми покажуваат најискрено пријателство. Но има тука и големи, постари жени кои ми пишуваат чудни работи за секс на Фејсбук, но не сум глупав тоа да го прифатам – изјавил Даниел.