На автобус во Србија му испаднало тркалото на пат кон Лесковац (ФОТО)

За малку избегната уште една потенцијална голема трагедија кај Лесковац. На автобус на „Ниш-експрес“, кој возел на релација Ниш – Лесковац, кај месноста Дољевац му испаднало задното лево тркало.

„Забележав како се тркала гума, сфатив дека е од нашиот автобус, по што настана паника, но фала богу, сé е добро“, раскажува еден од патниците. Според него, трагедија била избегната само поради брзата и присебна реакција на шоферот и божја помош.

Од компанијата не биле достапни за коментар околу состојбата на нивните возила. Патниците, пак, велат дека воглавно се задоволни.

На автобус на истата компанија му испадна тркало и пред две години за време на градско возење.  Од нишката Дирекција за јавен градски превоз влат дека оттогаш компанијата го обновила возниот парк за градскиот сообраќај, па сега такви проблеми нема…

Прочитајте и:  Во Лесковац испечена најголемата плескавица во светот тешка 86.4 килограми (ВИДЕО)
- Реклама -