YouTube го најави своето прво музичко шоу со награди, кое ќе се нарекува YouTube Music Awards, а ќе се одржи во ноември. Церемонијата ќе се одржи во Њујорк, во недела на 3 ноември со актерот Џејсон Швартцман во улога на домаќин. Настанот ќе биде прикажуван во живо со стриминг, како што би се очекувало со YouTube и Google, а ќе следат и изведби на песни од Лејди Гага, Еминем, Arcade Fire, како и уметници кои се прославија преку YouTube, како Лундзи Стрилиг и CDZA.
На 3 ноември YouTube ќе го одржи првото музичко шоу со наградувања
Во знак на глобалната гледаност на YouTube, на церемонјата ќе се вклучат во живо и изведувачи од Сеул, Москва, Лондон и Рио де Женеиро. Номинациите ќе почне да се најавуваат на 17 октомври, а од YouTube, велат дека би биле базирани на најгледаните и најсподелуваните видеа во текот на изминатата година.
Одговорностите ќе се префрлат врз корисниците за изборот на победнички песни и уметници за секоја категорија. За да гласате за некој кандидат, корисниците треба само да ја споделат номинацијата преку социјалните мрежи.
Музичката индустрија Spike Jonze ќе бидат во улога на креативен директор на настанот, додека извршен продуцент ќе биде продеуцентската куќа Sunset Lane Entertainment. До одржувањето на настанот номинираните кандидати ќе споделуваат музички видеа, пародии, концерти, интервјуа и фан видеа на YoTube. Така ќе останете во тек со случувањата и ќе може да го изберете својот фаворит.
Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk