Нѐ очекуваат големи жештини, до крајот на неделава 40 степени

Денеска е понеделник 8 јули, — 189-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (190-и во престапна година) до крајот на годината остануваат уште 176 денови.

Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени, УВ индексот ќе изнесува 9.
И во наредните денови од оваа работна недела ќе следува период на многу топло време со дневни температура која насекаде ќе биде над 30, а наместа ќе достигнува 40 степени. Во попладневните часови претежно во планинските подрачја ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи.

Извор