МЗ: Забележан е значителено зголемен интерес за вакцинација, до денес вакцинирани се над 612 илјади граѓани

Заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 612.391 граѓани. Министерството за здравство информира дека во текот на вчерашниот ден е забележан значителено зголемен интерес за вакцинација.

Според информациите од Министерството, вчера прва доза вакција примиле 11.732 граѓани, а вкупно се вакцинирале 17.427 граѓани.

„Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста, се намалува шансата од заболување, како и смртен исход од истата“, се вели во соопштението од МЗ.

Досега, во државата вкупно се аплицирани 1.097.855 дози вакцини, а ревакцинирани се 485.464 граѓани.

„Со последните бројки, 68 проценти од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 66 проценти од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 62 проценти од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 53 проценти од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина“, наведува МЗ.

Вакцинирањето се одвива без закажување во вакциналните пунктови низ државата, додека теренската вакцинација се одвива со ротации на медицинските екипи во секое село, рурално населено место и населба. За вакцинирање на децата мора да се закаже термин преку сајтот vakcinacija.mk.

- Реклама -