Во моментов имаме доволно вакцини против Ковид-19 за престојниот период. Националниот комитет за имунизација ги следи сите истражувања за новите вакцини меѓу кои е и вакцината на француската компанија „Санофи“, информираа за МИА од Министерството за здравство.
Во врска со тоа дали се набавени вакцини против сезонски грип, од Министерството посочуваат дека во моментот во тек е нивната набавка.
„Предвидено е да се набават 40.000 дози на четиривалентни вакцини против грип“, истакнаа за МИА од Министерството за здравство.