Денеска на веб страната на Министерството за внатрешни работи е објавена листа со имиња и презимиња на 35 физички и правни лица, на кои не можат да им бидат доставени решенија за извршени прекршоци.
„Министерството за внатрешни работи, Одделение за прекршоци Скопје 5 – Комисија за одлучување по прекршок, им соопштува на наведените физички и правни лица, дека има донесено РЕШЕНИЈА кои не се во состојба да ги достави со лична достава“, пишува во Јавната објава за доставување, по што се наведува следново:
„Се повикуваат горенаведените физички и правни лица, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јават во просториите на Одделението за прекршоци Скопје -5, Комисија за одлучување по прекршок, во објектот на МВР на РСМ-Сектор за прекршоци на улица „Димитар Туриманџовски„ бр.1 нас.Лисиче (до Трговскиот центар) –Скопје, во својство на странки за прием на горенаведените решенија, секој работен ден од 08,30-16,30 часот, на кои согласно член 385 ст.3 од Законот за безбедноста на сообраќајот на патиштата, доколку не се задоволни од донесеното решение ќе можат да поведат управен спор пред Управниот суд на Република Северна Македонија.
Предупредување:
Доколку горенаведените лица не се јават, ова соопштение со јавна објава ќе се смета за уредно доставување што е во согласност со член 385 ст.3 од Законот за безбедноста на сообраќајот на патиштата“, стои во соопштението. Можете да го најдете ТУКА.