МВР има двајца осомничени за подметнување два пожари

„Фокусирани сме на откривање на сите оние сторители бидејќи факт е дека најголем дел од пожарите се предизвикани од човечки фатор“, вели министерот Тошковски

Две лица се осомничени за подметнување два пожари, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и додава дека се преземени чекори за откривање на вистината и за понатамошно процесуирање на случаите до надлежните органи.

Од страна на МВР, додава Тошковски, оформена е оперативна акција „Пожар 2024“, во која се вклучени сите сектори за внатрешни работи во земјава бидејќи, како што рече, факт е дека најголем дел од пожарите се предизвикани од човечки фактор.

„Фокусирани сме на откривање на сите оние сторители бидејќи факт е дека најголем дел од пожарите се предизвикани од човечки фатор. Досега имаме двајца осомничени за два конкретни кривичноправни настани и се преземени конкретни процесни чекори од аспект на утврдување на вистината и процесирање понатаму до надлежните органи“,

рече Тошковски денеска одговарајќи на новинарски прашања по седницата на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи.

Тој ги повика граѓаните доколку увидат дека постојат сомнежи за какво било незаконско дејствување од кого било, навремено да информираат, а полицијата, како што рече, навремено ќе одговори и ќе ги преземе жестоко сите чекори што се потребни, сè со цел да може секој еден кој ќе се огреши во овој дел особено да одговара.

https://360stepeni.mk/se-razmisluva-za-spojuvane-na-tsuk-i-dzs-pod-edna-komanda-i-formirane-na-spetsijalna-edinitsa-velat-od-upravuvachkiot-komitet-za-spravuvane-so-krizi/

- Реклама -