М’вила ќе игра за Арсенал

Според најновите информации кои доаѓаат од Франција, играчот на Рен, Јан М’вила, од ова лето ќе премине во редовите на лондонски Арсенал.

Англискиот премиерлигаш Арсенал излегол како победник од трката по францускиот репрезентативец Јан М’вила, објави денеска весникот „Паризиен“. Според овој француски весник, „Топчиите“ се договориле со челниците на Рен висината на овој трансфер да изнесува огромни 22 милиони евра, со што М’вила ќе стане најскапиот фудбалер во историјата на лондонскиот клуб. За услугите на одличниот дефанзивен играч за врска се интересираа и Интер, Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, што беше причина Арсен Венгер да инсистира што побрзо да ги финишира преговорите за доведување на М’вила како супер засилување за следната сезона.

Прочитајте и:  Роналдо сака да стане прв човек на бразилскиот фудбал и да го доведе Гвардиола за тренер

Според информациите на „Паризиен“, кои што не беа потврдени ниту пак демантирани од двата клуба, М’вила ќе потпише четиригодишен договор за плата од 70.000 фунти неделно, плус богати бонуси за секој освоен трофеј со новиот клуб. Менаџерот на „Топчиите“, Арсен Венгер, се надева дека со трансферите на Подолски и на М’вила ќе успее да го убеди Робин ван Перси во амбициозноста на овој клуб, со што холандскиот ас би потпишал нов договор со Арсенал.

Објавено во соработка со Екипа.

- Реклама -