Цефлаподи како октоподите и лигњите го менуваат својот изглед со специјални клетки кои менуваат боја познати како хроматофори.
Хроматофорите можат да бидат стимулирани со електрични сигнали – како оние од кабел за слушалки приклучени во iPod на кој е пуштена “Insane in the Brain” на Cypress Hill. Оваа одлична комбинација на невронаука, музика и анатомија на цефлаподи е дело на Backyard Brains, компанија чија цел е воведување на деца во светот на науката.
Грег Гејџ од Backyard Brains рекол: „Овој вид на цефлапод (Longfin Inshore) има хроматрофори во 3 различни бои – кафена, црвена и жолта. Секој хроматофор има мал мускул во неговиот обем чија задача е да ја раширува и стеснува клетката за да го скрие или покаже пигментот.“
{youtube}G-OVrI9x8Zs{/youtube}
„Поврзавме електрода поврзана со iPod nano кој ни служеше како стимулатор за нервот на октоподот. Резултатот е и интересен и прекрасен, во видеото пигментите се прикажани низ микросокоп.“