Музикален парламент (видео)

музикален парламентПретставник од Конзервативната Партија на Британија беше приморан да се извинува откако неговото обраќање беше прекинато од неговата музикална вратоврска. Надим Захави зборувал за промени во образовниот буџет кога неговата шарена вратоврска, опремена со мали светилки, почнала да свири.

Пригушениот звук можеби и немаше да се чуе да не беше вклучен неговиот микрофон. Претставникот од родниот град на Шекспир брзо успеа да ја исклучи музиката и да се извини. Позитивна работа од целиот настан е што привлече малку повеќе внимание на кампањата за борба против рак на дебелото црево.

{youtube}ML_ySRkvyGQ{/youtube}

- Реклама -