Сникер Спикер (Sneaker Speaker) се дизајнирани звучници кои одговараат на сите видеови патики.
Сникер Спикер е прв производ на дизајнерското студио Реј Кингстон Инк. Се состои од два држачи со звучници кои наликуваат на слушалки и се додаваат над патиката.
Користат блутут-технологија за поврзување со телефон, таблет или сличен гаџет, овозможувајќи непрекинат стриминг на музика.
Тука е и стерео влезот од 3,5 милиметри, со кој може да го користите Сникер Спикер кога не сте во движење и да ги поставите на вашата маса како регуларни слушалки. Користат 9V блок батерија.
Оваа идеја сѐ уште е само дизајнерски концепт и не е познато дали ќе се најде во редовното производство и по која цена. [via dezeen.com]