Музика на бодликава жица

jonrose_fence_pВо 1995 година Џон Роуз направи и свиреше на модел од бодликава жица како дел од еден музички фестивал во Витасари, Финска. Денес тој е во Австралија и продуцира музика на километарските бодликави жици.


Во 1995 година Џон Роуз направи и свиреше на модел од бодликава жица како дел од еден музички фестивал во Витасари, Финска. 

jonrose_fence

Моделот(преку 20метри) беше создаден од жицата која ги дели Русија и Финска. Потоа дојде идејата да направи експериментално музичко дело…бескрајна бодликава жица која ги инкорпорира поголемиот број од кризните подрачја и конфликтните зони.

Џон е моментално на 16.000 километарско патување низ Австралија во посета на многубројните километарски бодликави жици кои австралиските фармери ги поставуваат како заштита од кенгурите и останатите штетници.

Тој на нив свири како да се музички инструменти, главно со виолински гудала, а покрај музиката ја документира неговата посета и животот околу жицата.

Кликнете овде за да го чуете Џон Роуз како свири на бодликава жица во Австралија

Официјалниот сајт на Џон Роуз

- Реклама -