Во осумдесетите MTV беше револуционерна во тоа што беше единствената телевизија само за музички спотови. Сега кога интернетот (посебно со веб страници како YouTube) го зазема првенството пред класичната телевизија и MTV се свртија кон овој медиум со тоа што ги понудија легално (и бесплатно) сите свои спотови и тоа, за разлика од оние кои се навикнавме да ги гледаме на YouTube, со врвен квалитет. Нивната aрхива е навистина гооолема, преку 16.000 видеа, вклучувајќи ги и ексклузивните снимки од концертите како на пр. култните „Unplugged“ изведби. [MTVMusic.com]