Музички светски рекорд

музикаОвој музичар добил место во Гинисовата Книга на Светски Рекорди, но не бидејќи е автор на најпродаваниот албум или бидејќи го одржал најпосетениот концерт. Не, неговиот рекорд е поврзан со една песна и нејзиниот наслов.

Михаил Танк си го обезбедил своето место во историјата објавувајќи песна чиј наслов има 44 зборови – повеќе зборови отколку сите стихови на некои песни. Уметникот кој по потекло е Русин, вели дека насловот на дигитално објавениот сингл е толку долг што воопшто не бил поставен на обвивката.
музикаИако песната била објавена во октомври минатата година, Танк неодамна го доби признанието и сертификатот од Гинисовите Светски Рекорди. Целиот наслов на песната е: “Simplify When You Get Crowded Inside, Certain Ones Prefer to Drink Your Energy, Falling Right Into The Hands of Time, Release Those Who Deprive, Throw Away Ties That Bind, Just Simplify, No Need to Overextend Yourself, When They Just Rely on Your Time. No.”

Прочитајте и:  Објавен постхумен албум на Џони Кеш

Танк за песната рекол: „Насловот се однесува на лична филозофија која јас би сакал да ја споделам со луѓето и подразбира ослободување од секој и сешто што ги ограничува во животот.“

- Реклама -