Музичка плејлиста за доктори и вежбање реанимација на срце

Њујоршката презбитеријанска болница објави листа од песни кои младите доктори треба да ги слушаат додека вежбаат реанимација на срце и вештачко дишење.

На листата има секакви жанрови, за сите вкусови, ама и за сите возрасти: од Bee Gees до Џастин Тимберлејк, од Мараја Кери, Мадона, Бијонсе, ABBA, и Мајкл Џексон – до Квин, Фил Колинс, Пинк Флојд, Ноториус B.I.G., Миси Елиот, Бисти Бојс…

Вкупно ги има 40 песни, и сите се во исто темпо – 100 bpm (beats per minute). Практично, додека спасуваш некој, само треба да се сетиш на омилената песна од плејлистата и да го масираш срцето додека држиш ритам (соодветно на темпото на песните – 100 притискања на срцето во минута). На веб сајтот на болницата, покрај плејлистата, ги има и чекорите што треба да се знаат за да се изведе правилна реанимација.

Чудно е како на никој не му текнало досега, зашто ова е генијален начин за едукација на луѓето, особено на младите.

Плејлистата:

https://open.spotify.com/user/12129503156/playlist/6TImxVFJXR6y3E6P6M5BQU

ПС. Извинете во име на болницата што е направена во Spotify и не можете да ги слушате целите песни ако ја немате апликацијата)

- Реклама -