„Ме муваше Роналдо, зашто личам на Ирина“

Роналдо не е оптоварен со пари и слава. Се однесува како обично момче, ова го кажува српската манекенка Кристина Периќ, која имала прилика да се запознае со славниот фудбалер.585901_irina-sejk-05-profimedia0211816732_hf
Кристина, многумина ја споредуваат со Ирина Шаек, па не е чудно што не и одолеал Кристијано Роналдо, пишуваат медиумите во Србија.

-Точно е дека го запознав Роналдо. Не запозна шминкерот Давид, кој некогаш ја шминкал и Ирина. Кога ме виде ми кажа: „Мора да те запознаам со Роналдо. Ти и Ирина многу личите, сигурно ќе му се допаднеш“, вели Кристина и додава дека искрите меѓу неа и најдобриот фудбалер на светот веднаш засветкале. Српските медиуми пишуваат и дека меѓу нив веќе имало романса.

Периќ вели дека Роналдо не е оптоварен со пари и слава и се однесува како обично момче. На прашањето кога повторно ќе се видат, Кристина со одговор.

-Како заштитно лице на венчаници од Барселона, често ќе бидам во Шпанија, па кој знае, додала манекенката.

585900_kristina-peric150315foto-promo-1_ff

- Реклама -