Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ за грчката „Скаи“: Јас сум Македонец од Македонија и тоа нема да се промени

„Приоритетот на оваа земја, со формирањето на нова влада, ќе биде ставање на Македонија на брза лента кон членство во Европската унија и потоа реотворање на овие прашања, како прашањето на самоопределување, што е целосно негирано со Преспанскиот договор“, вели меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски во интервју за грчката телевизија „Скаи“.

„Отворањето на овие прашања е многу полесно кога сте дел од клубот, кога сте на иста основа со сите други земји-членки на ЕУ. Можности, од правен аспект, постојат, и во голема мера зависат од финалниот исход на самите избори“, додаде Муцунски.

На забелешката дека тој сѐ уште ја нарекува земјата „Македонија“ и не го користи новото име, Муцунски одговори:

Прочитајте и:  Жерновски демантира дека не ги предал акредитивите во романското МНР, најави дека ќе тужи за клевета

„Ви гарантирам дека не само додека сум жив, туку и потоа, ниту еден граѓанин на оваа земја нема своеволно или природно да го користи новото име. Тоа произлегува, како што реков, од основното право на самоопределување, но и од фактот што никој не може да порекне што сум. Јас сум Македонец од Македонија. И не мислам дека културно, лексички или на било кој друг начин и форма, во оваа земја тоа ќе се промени“.

- Реклама -