Бенот Muse го највува новиот албум со форшпан поставен на Јутјуб, каде може да се слушнат и делови со дабстеп призвук. Членови објасниле на Твитер дека не станува збор за класичен дабстеп, затоа што ништо не е работено на компјутер.
Всушност станува збор за тактови отсвирени на бас, гитара и на тапани. Форшпанот за новиот албум на Muse, што ќе биде пуштен во продажба во септември, го открива и неговиот наслов, The 2nd Law. Наследниот на нивниот последен албум The Resistance од 2009 година е снимен во Лондон.
Бендот за време на снимањето на The 2nd Law работел со класичниот композитор Дејвид Кемпбел, кој во минатото соработувал со Radiohead и со U2.
{youtube}IqFZGnfMLMw{/youtube}