Mусака од тиквички

За ова јадење, потребни ви се:6 средни тиквички

900 гр.  мелено говедско месо

250 мл сос од домати

150 гр. сецкан кромид

3 лажици презла

1 лажичка оригано

половина лажичка цимет

1 ситно сецкан лук

малку сол и бибер, по вкус

1 изматено јајце

2 шолји топла вода

Подготовка:

1. Исецкајте ги тиквичките на кругови со дебелина околу половина сантиметар. Загрејте масло на оган и пропржете ги малку  тиквичките  додека не добијат  златна боја. Извадете ги тиквите и ставете ги на сад обложен со хартиена салфетка, која што ќе го го упие вишокот од маснотија.

2. Пржете лук на масло додека не добиете малку боја, додадете кромид, а потоа и месото и оставете на оган додека не се зготви сосема. Додатете, цимет, сол и бибер и добро промешајте. Потоа додадете го сосот од домат и оригано, па оставете лесно да се крчка околу 20 минути.

3. Садот за печење премачкајте го со путер, а потоа редете ред тиквички, па намачкајте со мешавината од месо. Ставете ја водата,  а преку него додадете изматено јајце. Печете во загрена рерна на 180 степени, околу половина час.

- Реклама -