Со мусот од кајсии сигурно ќе го изненадите вашиот партнер за Денот на вљубените.
Состојки: 750 гр. кајсии, 100 гр. шеќер, 5 гр. желатин, 2 лажици коњак, 1 белка, 20 гр. ванилин шеќер, 200 мл. слатка павлака, 60 гр. шеќер.
Подготовка: Измијте ги кајсиите и отстранете ги семките. Ставете ги во тепсија на која ќе ставите хартија за печење и врз нив ставете шеќер. Печете ги околу 15 до 20 минути во зависнот од зрелоста на овошјето, на 180 степени. Откако малку ќе се оладат смелете ги во блендер. Растворете го желатинот со неколку лажици вода и оставете го да набубри, па додадете го коњакот. Садот со желатин ставете го во топла вода за желатинот да се стопи. Потоа додадете го во смесата од кајсии и ставете го во фрижидер да се стегне.
Сматете ја белката со ванилиниот шеќер. Во друг сад сматете ја павлаката додавајќи по малку шеќер. Сматените белка и павлака соединете ги со овошјето. Ставете ја смесата во чаши за десерт и пред да ги сервирате оставете ги да се оладат во фрижидер најмалку три часа.